Македонија

МВР: Во Ресен пронајдени пушка и муниција, приведено едно лице

06.09.2023 19:02

При претресот на две локации се пронајдени ловечка пушка без дозвола, како и 33 патрони муниција калибар 16мм...

Денеска од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Ресен во Ресен и ресенско извршен е претрес во дом и простории кои ги користи Б.Т.(53) од Ресен, извршен со наредба од Основен суд Ресен, во врска со член 396 од КЗ.

Имено, при претресот на две локации се пронајдени ловечка пушка без дозвола, како и 33 патрони муниција калибар 16мм.

Б.Т. е лишен од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.