Голем интерес за инвестиции во Гевгелија
Швајцарци, Британци, Грци, но и домашни бизнизмени се заинтересирани да инвестираат во индустриските зони во Гевгелија.

На крајниот југ од Македонија ги имаат на располагање двете индустриски и една технолошко-индустриска развојна зона кај Прдејци. Во април, делегација и на израелскиот гигант „Бен дор“, беше во Гевгелија за да ја скенира состојбата за изградба на откупно- дистрибутивен пункт. Од општината велат, дека активностите за локално- економски развој дават ефект.
„Не смееме да ги занемариме и домашните инвеститори. И тие се заинтересирани за изградба на хотели и производствени капацитети. Урбанизацијата на прво место. Затоа што ниту еден инвеститор нема да дојде да гради во нива неурбанизирана, туку ќе бара урбанизирана парцела со имотен лист. Веднаш да извадад одобрение за градба и да можат да работат и да остваруваат профит“, Иван Франгов- градоначалник на Гевгелија.
Турската стопанска комора заедно со индустриската зона во Истанбул биле заинтересирани за локации во индустриската зона Прдејци, кај Гевгелија. Ова неодамна го изјави првиот човек на Агенцијата за технолошко индустриски развојни зони, Виктор Мизо по неговата посета на Гевгелија. Од општината велат дека во тек се преговорите за доаѓање на првиот инвеститор во Прдејци.
Гевгелија очекува инвестициони раздвижување после формирањето на владата кога ќе можат да ги стават на продажба веќе урбанизираните парцели во новата зона Билото на површина од 90 хектари.
Гевгелија, Дојран, Богданци, Струмица, Василево. Општините од југоистокот со калкулации за раздвижување на локалната економија преку инвестирањето во индустрискит еи технолошко- индустриските зони.
Катерина Давчева
