Временска прогноза

Променливо облачно со повремен локален дожд

07.09.2023 07:52

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, наместа краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од променлив правец.