Македонија
Попладне ќе почне почесна артилериска средба по повод Денот на независноста
07.09.2023 08:46
По повод 32-годишнината од Денот на независноста, Армијата ќе почне со одбележувањето на празникот со почесен плотун од артилериски орудија...

По повод 32-годишнината од Денот на независноста, Армијата ќе почне со одбележувањето на празникот со почесен плотун од артилериски орудија. Во касарната „Илинден“ во Скопје попладне во 18 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на армијата.
Претходно во период од 15 до 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.
