Македонија

На Денот на независноста започнува Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

07.09.2023 09:07

Утре, 8 Септември, на Денот на независноста, традиционално ќе се крене завесата на 31. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица...

Утре, 8 Септември, на Денот на независноста, традиционално ќе се крене завесата на 31. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. На сцената на Центарот за култура „Антон Панов“ ќе бидат изведени театарски остварувања од Македонија, Србија и Бугарија а на отворањето на фестивалот ќе се претстави Велешкиот театар „Ј.Х. Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија Ненад Витанов.

Љубителите на тратарската уметност и почитувачите на фестивалот ќе можат да ги проследат претставите „За нас почнува живот“, „Бог на масакрот“, „Роденден“, „Кислород“, „Соѕвездија“, „Лепа Вида“, „Пчелите ќе умрат“ „Убавицата од малиот град“, „Лагата“, а во рамките на Фестивалот ќе се одржи и промоција на книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, а промотор ќе биде Јоана Шишкова.

За единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе одлучува жири во состав: Дарја Ризова минатогодишна лауреатка, писателот и професор на ФДУ, Иван Додовски и актерката Мими Таневска.

МНТ на фестивалот ќе ја изведе претставата „Лагата“ во спомен на Крсте Ц. Џирдов (Џиби) во која се јавија како сценограф и е негова последна креација. Претставата „Лагата“ е на програмата на 12 септември.