Владата на Србија ја укина вонредната состојба
Владата на Србија ја укина вонредната ситуација на целата територија освен во два града, Шабац и Сремска Митровица и уште 17 општини, меѓу кои и најтешко погодениот Обреновац. На земјата и претстои џиновска обнова, која ќе се изведе преку волонтерски ударнички акции.
„Во наредниот период ни претстои обнова на разурнатото, голема обнова на инфраструктурата, на енергетскиот сектор. Граѓаните кои останаа без домови нема да останат така, ќе добијат покрив над главата“, Александар Вучиќ, премиер на Србија

Премиерот Вучиќ изјави дека поплавите не смеат да бидат алиби за одложување или откажување на преземените обврски. Забрзано се подготвуваат закони за труд, планирање и изградба, приватизација и стечај. Поплавите оставија таков хаос зад себе, што е нејасно од што да се почне попрво. На поплавеното подрачје се најдени 33 тела, од кои 13 се удавиле.
„Поправките ќе траат најмалку 30 дена. На 7 километри од овде имаме многу поголеми и поопасни штети. Речиси е невозможно да се дојде до овде. Прво ќе треба да ги поправиме патиштата за да донесеме тешка механизација“, вели Драгољуб Симоновиќ, шеф на Српски железници
„Куќава ја изгради дедо ми. Овде живееја три генерации. А сега... ништо“, вели Немања Петровиќ, жител на Србија
Метеоролозите велат дека денес или утре ќе помине врвот на поплавниот бран, кој нема да биде толку голем да се излеат реките. Во Обреновац, велат властите, вратата е само подотворена. Водата оттаму би можела да се повлече за пет дена, а од недела се очекува да се намали нивото на Сава. Во Колубара почна работата во еден од јагленокопите додека другиот, делумно поплавен, се расчистува со багери. Оттаму веќе стигнаа и првите вагони јаглен за Термоелектраната „Никола Тесла“. Останува тешката ситуација во прифатните центри, особено бидејќи станодавците во Белград ги кренаа кириите. Осигурителните компании бараат граѓаните што побрзо да ја пријават штетата.