Јапонија
Лансирана ракета за истражување на потеклото на универзумот
07.09.2023 10:22
Ракетата ќе пушти во орбитата околу земјата сателит, кој ќе ја мери брзината и составот на она што се наоѓа помеѓу галаксиите...

Јапонија лансираше ракета со мал лендер на месечината и телескоп со рендген, кој ќе го истражува потеклото на универзумот. Ракетата ќе пушти во орбитата околу земјата сателит, кој ќе ја мери брзината и составот на она што се наоѓа помеѓу галаксиите.
Потегот доаѓа во време кога светот повторно се свртува кон предизвикот да оди на месечината. Само четири нации успешно слетаа на месечината, САД, Русија, Кина и Индија.
