Две третини од младите во Шпанија - невработени

23.05.2014 18:31

Невработеноста на младите е една од поголемите грижи на европските политичари. Најлошо е во Шпанија. Речиси 58 насто од младите се невработени. Ги нарекуваат – загубена генерација.

Економистот Ангел Бласко е еден од многуте млади во Шпанија коишто се справуваат со проблемoт- невработеност. 26-годишникот дипломирал на бизнис колеџот пред четири години и се уште живее дома.

„Се чувствувам навистина многу лошо. Ослабнав 15 килограми за само една година. Живеам со родителите, тие ме снабдуваат со се’. Чувствувам огромна нервоза кога ќе помислам што ќе се случи кога ќе ги нема повеќе“, вели Ангел Бласко

Пополнил стотици пријави, но конкуренцијата е огромна. Во еден момент аплицирал и бил доста блиску да се вработи како чувар во затвор, но работното место заминало во други раце. Ангел е вториот најстар син од вкупно осум деца. Неговиот татко е во пензија.

„Во моментов не гледам никаква иднина за него. Изгледа како да се создаваат работни места, но тоа не се добри работи места и дури и за нив е потребно време. За жал мислам дека гледаме во една загубена генерација“,Луис Мигел Бласко

Шпанецот има многу слободно време, но како и илјадници негови врсници, посакува тоа да се промени. Овој пример од Шпанија е илустрација за нивото на невработеност на младите што се смета за слаба точка на европските политичари. Лидерите порачуваат дека реалноста достигнува алармантно ниво. Според претседателот на европската комисија, баросо, состојбата со големиот број невработени претставува губење човечки ресурси и талент, нешто што европа не смее да си го дозволи. Овие зборови за сега имаат мало влијание состојбата да се смени за скоро време.