Скопје

Општина Гази Баба урива нелегален објект во Инџиково

07.09.2023 10:23

Инспекциските служби на општина Гази Баба со асистенција на Министерството за внатрешни работи денеска го срушија бесправно изградениот деловен објект во Инџиково...

Општина Гази Баба со асистенција на Министерството за внатрешни работи, изврши уривање на бесправно изграден деловен објект во населеното место Инџиково. И покрај изречената мерка за затворање на градилиштето во август годинава, сопственикот на дивоградбата продолжил со градба. Градоначалникот Бобан Стефковски со јасна порака – никој не е над законот и нема да дозволиме урбаната мафија да дивее низ нашата општина.

 

Од Инџиково известува Марија Котовска