Во пожар целосно изгоре продавница за земјоделски производи во Охрид
Пожарот бил пријавен околу 5 часот утрово во Територијалната противпожарна единица, од каде веднаш на терен биле испратени две противпожарни возила со шест пожарникари, кои со брза интервенција го изгаснале пламенот...

Пожар, рано изутринава, избувна во во продавница за земјоделски производи во Охрид, во сервисната уличка што води од плоштадот кај Чинарот кон Градскиот пазар.
Пожарот бил пријавен околу 5 часот утрово во Територијалната противпожарна единица. Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица пожарот е изгаснат, но опожарениот објект целосно изгоре, како и две тенди во негова непосредна близина.
Според зборовите на командирот на противпожарната единица Борко Јанкулоски пожарот предизвикал поголема материјална штета, но за среќа нема повредени лица.
Во интервенцијата учествувале две возила и четворица пожарникари, а причините за пожарот сè уште се непознати.
Утрото увид на терен извршија и екипи од кримтехника на СВР Охрид.
