Цивилис: Граѓаните со став – името да не се менува по ниедна цена

23.05.2014 18:55

Македонците сакаат во европското семејство, но, под уставното име.

Вака одговориле  77 насто од испитаниците во најновото истражување на институтот за демократија. Според половина од анкетираните , патот на земјава кон Европската Унија го попречуваат соседите, додека за 48 насто од албанците, тоа се неостварените домашни реформи. Во изминатите години за 20 насто е намален бројот на граѓани кои ја подржуваат идејата за евроинтеграција. Владимир Мисев од институтот за демократија проблемот го гледа во статус во ситуацијата и блокадата од Грција.

 “Тоа доведува до определно разочарување, таквата статус кво ситуација, за многу релевантни аналитичари претставува и одреден регрес во евроатланската интеграција на државата“, вели Владимир Мисев

Граѓаните кои ги анкетиравме со став – името да не се менува по ниедна цена.   

„ Името да се смени не доаѓа во обѕир, а сум за членство во ЕУ и НАТО... Македонија си е Македонија, како може друго име да имаме... Никако, во никој случај... многу работи не требаше да се вакви, но, тоа е...“ велат граѓаните

Цел на истражувањето е и корупцијата во општинската администрација. Анкетата била спроведена во март годинава, а теренски биле испитани 1600 лица.