Џакарта

Кина и Мјанмар главни теми на Самитот на АСЕАН

07.09.2023 12:54

Самит на лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија. Меѓу главните теми кризата во Мјанмар и тензиите во Јужното Кинеско Море...

Индискиот премиер Моди во Џакарта на Самитот на лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија. Меѓу главните теми кризата во Мјанмар и тензиите во Јужното Кинеско Море. Присуствуваат лидерите на источноазиските земји, заедно со САД, Русија и Индија.

„Суштински е да се развие светски поредок заснован на правила за подобрување на човештвото по ковид. Сите ние имаме заеднички интерес за напредок“, изјави Нарендра Моди, премиер на Индија.

Индонезискиот претседател Видодо побара од нациите од Југоисточна Азија да го направат форумот на самитот место за зајакнување на соработката.

„Мирот и стабилноста се главниот клуч за постигнување просперитет. АСЕАН е решена да го направи овој регион епицентар на растот, така што АСЕАН ќе продолжи да работи за да ја игра улогата на придонесувач за мирот и стабилноста“, изјави Јоко Видодо, претседател на Индонезија.

Самитот се одржува во услови на зголемена тензија околу Јужното Кинеско Море, откако Пекинг објави нова мапа која ги нагласува територијални претензии.

Генералниот секретар на Обединетите нации Гутереш предупреди на опасноста од фрагментација на светските економски и финансиски системи, со различни стратегии во технологиите и вештачката интелигенција и конфликтни безбедносни рамки. Меѓу другото, изрази длабока загриженост поради „влошувањето на ситуацијата“ во Мјанмар.

„Загрижен сум за влошувањето на политичката ситуација и состојбата со човековите права во Мјанмар и маките на огромниот број бегалци кои живеат во очајни услови. Го поздравувам пристапот на АСЕАН кон консензусот од пет точки и ги повикувам сите земји да продолжиме да бараме обединета стратегија за Мјанмар“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации.

Меѓу другото Гутереш предупреди дека „истекува“ времето за климатските активности.

Индонезија го прекинува раководството со АСЕАН оваа година по што претседавач во 2024 година ќе биде Лаос.

 

 

Марина Ристова