Австрија за Македонија во ЕУ
Дојдено е време Македонија да ги почне преговорите со Унијата
Дојдено е време Македонија да ги почне преговорите со Унијата. Ова е заедничкиот став на Претседателите на Македонија и на Австрија по денешната средба во Виена. Исполнети се потребните критериуми. Македонија , пет години по ред добива позитивен извештај и препорака за старт на преговорите, тоа не значи дека се е веќе совршено туку дека е достигнато потребното ниво за Македонија да ги почне преговорите, оцени австрискиот претседател Фишер. Австрија е иницијатор на групата земји за деблокада на ЕУ-преговорите, рече претседателот Фишер на состанокот. Македонскиот претседател Иванов уште еднаш потсети дека ниту една земја од Унијата нема да изгуби ништо доколку Македонија почне преговори.
