Петковски јавно им даде поддршка на СДСМ за концептот – паралелна влада
На последниот ден од законскиот рок од седум дена управниот суд одговори на тужбата од СДСМ.

Пред управниот суд не може да се поведе управен спор за работи за кои врз основа на уставните овластувања директно одлучува собранието. Управниот суд е надлежен да постапува само во случаи кога собранието донесува акти за именување и разрешување согласно член 2 став 1 од законот за управни спорови.
Ова е дел од образложението на судот, кој ја отфрли тужбата поднесена од СДСМ со која бараа поништување на верификацијата на пратеничките мандати. Реагираа социјалдемократите. Управниот суд како што изјави Шилегов, ја спровел партиската директива.
Наспроти изјавите од Павел Шатев, стручната јавност веќе укажа на тоа дека адресата за поднесената тужба е погрешна.
Опозицијата останува на ставот за неприфаќање на освоените пратенички мандити ,но, следниот потег не го откриваат , иако пред два дена партискиот секратар Спасовски изјави дека оставките се депонирани во партиското седиште и отткако ќе ја слушнат одлуката на управниот суд ќе го најавеле и следниот чекор. Формирање на влада во сенка е уште еден од официјално непотврдените чекори од СДСМ , но тоа не беше пречка за коалицискиот партнер НСДП . Петковски денеска јавно ја даде подршката на СДСМ за концептот на социјалдемократите за формирање на паралелна власт .
Виолета Димовска
