Игор Јанушев доби условна казна за набавката на кинеските автобуси
На денешното рочиште не беше присутен ниту еден од обвинетите, како и обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот, иако била уредно повикана. Во случајот „Дизајн“ опфатени се четири службени лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. ...

Игор Јанушев доби условна казна од две години за предметот „Дизајн“. На денешното рочиште не беше присутен ниту еден од обвинетите, како и обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот, иако била уредно повикана.
Во случајот „Дизајн“ опфатени се четири службени лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Јанушев беше директор на ЈСП во 2010-та година кога беше направена набавката на двокатните автобуси.
Јанушев, заедно со уште две лица кои заедно со него биле дел од Комисијата за јавна набавка и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, беа обвинети за набавка на кинеските двокатни автобуси во 2010-та година, за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ги гонеше дека во спроведувањето на јавната набавка за 200 двокатни автобуси, фаворизирале кинеска компанија која немала доставено банкарска гаранција за понудата и сертификат за квалитет. За овој предмет, Миле Јанакиески и двете лица вклучени во набавката, признаа вина и беа осудени на условна казна од две години затвор, ако во следните пет години не сторат ново кривично дело.
