Случај „Онкологија“
Не стивнуваат реакциите во јавноста за случајот „Онкологија“
07.09.2023 13:03
Не стивнуваат реакциите во јавноста за скандалот со лекови на Онкологија. Пациентите со карцином и нивните најблиски споделуваат информации и искуства за третманот на клиниката...

Не стивнуваат реакциите во јавноста за скандалот со лекови на Онкологија. Пациентите со карцином и нивните најблиски споделуваат информации и искуства за третманот на клиниката.
Револтирани и сè уште во шок тешко ги примаат и убедувањата на министерот за здравство Меџити дека терапијата што им се дава на болните е квалитетна, дека се води електронска евиденција за контрола на секој лек и постои „картица на артикл“ со податоци за прегледите и за количеството на примениот лек.
Се чека истрагата по доказите доставени во обвинителството. Сеуште нема детали.
