Бесплатни паркиралишта утре во Скопје по повод Денот на независноста
Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува редовно работно време 9:00 – 16:00 часот, соопшти ЈП „Градски паркинг“ – Скопје...

Јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и „8 Септември“ утре, на Денот на независноста, ќе бидат слободни за паркирање, односно паркирањето возила нема да се наплаќа.
Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува редовно работно време 9:00 – 16:00 часот, соопшти ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
Јавните паркиралишта, пак, „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот.
