Затворски казни за двајца професори од Економскиот факултет
Професорите Бобек Шуклев и Славе Ристевски од Економскиот факултет осудени со затворски казни од 4 и пол и 4 години. Барале пари и изнудувале сексуални односи од студентки за оценки...

Професорите Бобек Шуклев и Славе Ристевски од Економскиот факултет осудени со затворски казни од 4 и пол и 4 години. Барале пари и изнудувале сексуални односи од студентки за оценки.
Демонстраторот Драган Денковски е осуден со условна казна од 2 години доколку во следните 5 години не го повтори делото, зошто посредувал помеѓу студентките и професорите.
Пресудата ја донесе судијката Фанка Јанчулева Михаилоска на второто судење за предметот „Еразмус“, во јуни 2021 година, предметот падна на Апелација. Професорите и демонстраторот добија забрана за вршење дејност во рок од 5 години, а времето поминато во затвор ќе им биде пресметано во казната.
