Габон

Воената хунта го ослободи Али Бонго од домашен притвор

07.09.2023 14:19

Хунтата на Габон соопшти дека протераниот претседател Али Бонго е ослободен од домашен притвор..

Хунтата на Габон соопшти дека протераниот претседател Али Бонго е ослободен од домашен притвор. Дозволено му е да замине во странство на медицински преглед.

64-годишниот претседател беше симнат од власт на крајот на август. Војската изврши пуч, оспорувајќи ги изборните резултати кои му донесоа победа.