Во Собранието прославена 32-годишнината од независноста на државата
Во Собранието со свеченост се одбележа Денот на независноста на државата. Претседателот на парламентот Џафери побара сите да бидат одговорни и посветени на стратешките цели за евроатлантската интеграција, за подобра иднина на земјата која помина низ многу искушенија на патот од независноста до полноправна членка на НАТО и почнувањето на преговорите за ЕУ...

Во Собранието свечено прославена 32-рата годишнина од независноста на Северна Македонија. По прогласувањето на независноста на 8 септември 1991 Северна Македонија помина низ многу искушенија, но успеа да ги зачува суверенитетот и територијалниот интегритет. За ова, првиот човек на Собранието им оддаде почит на сите кои се жртвуваа за независната држава.
Земјава постигна една од своите стратешки цели, членство во НАТО, но и претстои предизвикот да стане дел од Европската унија, истакна претседателот на Собранието. Сите сме согласни дека интеграцијата во ЕУ нема алтернатива, порача Џафери.
Ова е свечен чин и не сакам да оптоварувам со сите случувањата во светот што доведоа до ослабнување на економските, енергетските, здравствените системи и функционирањето на државите, рече Џафери. Додаде време е да се радуваме на позитивни вести, а за тоа е крајно време сите да бидеме одговорни, со јасна визија за иднината, која не смее да има друг правец освен владеењето на правото, почитување на правата и обврските на сите граѓани.
Ирина Гелевска
