Македонија

ДКСК: Со измените во Кривичниот законик борбата со корупцијата останува само декларативна

07.09.2023 14:44

Остри критики во јавноста по усвоените корекции на Кривичниот законик. Антикорупциска со став, дел од интервенциите го зголемуваат ризикот од политички пазарења. Пенаровски да не го потпише указот бараат невладините здруженија. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат измените се за аболиција на актуелни функционери од власта. Хармонизација со ЕУ-велат од СДСМ...

Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека со интервенциите во членовите 353, 353в и 394 не се придонесува кон зајакната борба против корупцијата и организираниот криминал, напротив, се зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание.

Борбата против корупцијата и натаму ќе остане само декларативна, велат од ова тело.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побараа од претседателот Стево Пендаровски да го искористи уставно загарантираното право на вето, и да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик кои вчера ги усвои Собранието. Со донесувањето на измените на овој закон, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, не се дозволува широка јавна расправа, експертска дебата ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение и сериозно се загрозува правната сигурност во државата.

Оттаму информираат дека доставиле и официјално писмено барање до претседателот Пендаровски.

И од ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот. СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш. Според нив законски измени се за аболиција на сите министри и директори на СДС и ДУИ од 2017 година до денеска,

Измената на Кривичниот законик е и во насока на хармонизација со европското законодавство, бидејќи со неа се постигнува потполна усогласеност со Директивата 2014/42/ЕУ замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист остварени со казниви дела во Европската Унија“, соопшти од СДСМ по однос на измените во Кривичниот законик.

 

 

Игор Панов