Обвинителството собира докази за случајот „Онкологија“
Не стивнуваат реакциите, случајот „Онкологија“ ја крена целата јавност на нозе. Пациенти и нивни блиски со исповед за третманот на клиниката. Предистрагата е почната, двајца обвинители работат на доказите-средба на членови на Здружението „Пеперутка“...

Двајца обвинители работат на случајот за Клиниката за онкологија. Пациентките кои некогаш се лекувале на Клиниката се сретнаа со обвинителите. По протестот биле повикани на разговор. Велат ќе продолжат да доаѓаат, да соработуваат, бидејќи се сојузници.
Обвинителите им кажале дека предистрагата е отпочната, дека ќе биде детална, затоа е ангажиран втор обвинител, а доколку треба ќе биде ангажиран и трет.
Ги повикаа граѓаните да им се придружат на протестите, без да ги политизираат и без да шират говор на омраза, зашто целта е да се открие вистината.
Наташа Јанчиќ Менковски
