Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Гир и заменик амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Нупнау

07.09.2023 15:26

Како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, на средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на нашата држава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот.

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир и новиот заменик амбасадор на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау.

Како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, на средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на нашата држава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот.

Соговорниците разменија мислења и информации за текот на пристапните преговори и скрининг процесот, како и за следните чекори коишто треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес, при што претседателот Пендаровски истакна дека европската агенда зависи од нас, како и реализација на обврските кои треба да се исполнат.