Измените во стечајното законодавство - правна сигурност за граѓаните

23.05.2014 19:22

Компаниите да не трпат последици поради стечајните постапки.

Бизнис заедницата задоволна реформата во  правната регулатива за застарените стечаи, апелира роковите за тековните и новите стечаи да бидат што пократки.

Поранешни стечајни судии  со забелешки во однос на изрекувањето на времените мерки од судиите во време на кривичните процеси, поради што се блокира стечајната постапка.

„Имаме такви случаи, каде што е изречена времена мерка од истражниот судија и од кривичниот судија, забрана на продажба на имотот на должникот, а се гони органот на управување“, вели Дејан Костовски консултант и поранешен стечаен судија

Академијата за обука на судии и јавни обвинители на иста маса. Седнаа судии, јавни обвинители, нотари и извршители со бизнисмените.

Презентирани се најновите измени на стечајното законодавство, како и законите за задолжница и за финансова дисциплина кои имаат за цел да го забрзаат наплатувањето на побарувачката и да обезбедат ефикасни судски постапки, заштита и правна сигурност на граѓаните“, вели Анета Арнаудова, директор на академијата на судии и јавни обвинители

Владата неодамна донесе закон за заклучување на стечаите, со скратени рокови во кои треба да се заврши постапката, да се легализира имотот и да се продаде , предвиде доколку не може да  се продаде да биде распределен на доверителите.

 

Фиљана Кока