Инфраструктура

Бочварски и Рустеми извршија увид на рехабилитацијата на патот Битола-Меџитлија

07.09.2023 16:40

Рехабилитацијата на патниот правец е во завршна фаза, се инвестираат 3 милиони евра, средства од буџетот на ЈП за државни патишта со што се рехабилитираат 12, 7 километри. Според работната динамика се очекува да се заврши до крајот на овој месец.

Кодиродор 10-д кон Пелагонискиот регион го издигнуваме на ниво на модерен и безбеден патен правец кој ќе создаде економски перспективи за  за сите компании и граѓани во регионот. Ова го истакаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој заедно со заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беа во работна посета на општина Битола каде извршија увид во рехабилитација на магистралниот пат Битола- Граничен премин Меџитлија.

Рехабилитацијата на патниот правец е во завршна фаза, се инвестираат 3 милиони евра, средства од буџетот на ЈП за државни патишта со што се рехабилитираат 12, 7 километри. Според работната динамика се очекува да се заврши до крајот на овој месец.

„ Ова е едниот од патните правци што го завршуваме. Денеска после оваа средба продолжуваме во Битола каде ќе имаме средба со претставниците на конзорцимуот Бехтел и Енка каде заедно најавуваме силна градежна офанзива за изградба на автопатот Прилеп-Битола.  Компанијата веќе работи на урбанистичките проекти, очекуваме да ги достават до министерството, исто така изведувачот се подготвува со ангажирање на стручни лица и компании како подизведувачи за што има веќе голем интерес од домашните компании“, нагласи министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми истакна дека оваа година Јавното претпријатие има најобемна програма од околу 480 милиони евра. Овој патен правец е дел од програмата за работа.