Свет

Блинкен: Извонредна е издржливоста на украинскиот народ

07.09.2023 18:01

Блинкен отишол и во подрумот на училиштето во градот Јахидне, каде руските војници во заробеништво држеле десетици жители, меѓу кои и деца, пренесува Гардијан.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој е во посета на Украина, денеска ги пофали украинските сили за нивната издржливост во воениот конфликт со Русија. Тој беше во посета на украинскиот регион Чернигов, кој беше окупиран од Москва во 2022 година, на почетокот на војната.

Блинкен отишол и во подрумот на училиштето во градот Јахидне, каде руските војници во заробеништво држеле десетици жители, меѓу кои и деца, пренесува Гардијан.

„Ова е само една зграда… но ова е приказна што ја гледавме одново и одново. Но, гледаме и нешто друго што е неверојатно моќно… извонредната издржливост на украинскиот народ“, рече тој.

Блинкен рече дека една третина од територијата на Украина сега е под мини или неексплодирани убојни средства.