Јордан Плевнеш добитник на "Златен век"
23.05.2014 19:33
Македонскиот писател, Јордан Плевнеш, добитник е на највисокото признание на Министерството за култура на Бугарија – “Златен век, Св. Кирил и Методиј”.

Наградата му е доделана за неговото уметничко творештво, за неговата мисија во доближувањето на балканските култури и за градењето на духовните мостови помеѓу Бугарија и Македонија. Тој е ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк. Инаку ова високо признание до сега го добиле само пет добитници од Европа.
