Македонија
Свечена академија за Денот на независноста
07.09.2023 20:23
Со академијата стартуваа активностите што ги организира Владата по повод Денот на независноста, а утре продолжуваат со културни манифестации, промоции, спортски активности...

Вечерва во Филхармонија се одржа свечена академија на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски. На академијата, насловена „32 години независност“, присуствуваа членови на Владата, претставници на институции, на академската заедница, стопанственици, дипломатскиот кор.
Академијата почна со интонирање на државната химна и проекција на документарен материјал за државата. Со академијата стартуваа активностите што ги организира Владата по повод Денот на независноста, а утре продолжуваат со културни манифестации, промоции, спортски активности.
