Регион

Спречен влез на над 600 мигранти во Хрватска

07.09.2023 19:26

Оние кои влегуваат имаат „одредени права“ кои Хрватска ги почитува, додавајќи дека Хрватска организирано ќе ги носи мигрантите во центрите за регистрација, од кои организирано ќе заминуваат...

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска изјави дека синоќа околу 600 мигранти биле спречени да влезат во Хрватска, оценувајќи дека тоа е невиден број.

Само во текот на изминатата ноќ, околу 600 илегални мигранти беа спречени да влезат на територијата на Република Хрватска, тоа се бројки без преседан, изјави Божиновиќ.

Тој објасни дека оние кои влегуваат имаат „одредени права“ кои Хрватска ги почитува, додавајќи дека Хрватска организирано ќе ги носи мигрантите во центрите за регистрација, од кои организирано ќе заминуваат.

Европа се соочува со миграциски притисок бидејќи милиони луѓе од Африка и Блискиот Исток својата иднина ја гледаат на европскиот континент.