8 Септември

Ковачевски: Континуитет во развојот за подобар живот на сегашните и идните генерации

08.09.2023 09:43

Интеграцијата во ЕУ, вели Ковачевски, за нас дома значи уште погoлeми плати, нови работни места и поголем избор, повеќе современи градинки, училишта и болници, многу поголема државна поддршка за домашните претпријатија, уште повеќе странски инвестиции. Граѓаните денес сакаат да живеат во ваква, современа држава, којашто е дел од Европската Унија.

„32 години по прогласената независност на нашата Република, Гласникот на слободата, 8 Септември, денес бара слух од сите нас, за континуиран развој.  Денешниот 8 Септември повикува на слободно одлучување како демократска должност, за подобар живот на сегашните и идните генерации“, вели премиерот Димитар Ковачевски во видео порака со којашто на сите граѓани во државата го честита Денот на независноста на Републиката.

Нагласува дека ако некогаш било вистинското време: да го обезбедиме животниот стандард што го посакуваме, квалитетот на живот што го заслужуваат нашите млади, да живееме во земја во којашто владее функционално право, во еколошки чиста, зелена средина, енергетски независна држава, со конкуретно земјоделство, со шанси за пристап до европскиот пазар од половина милијарда луѓе – тоа е денес.

Интеграцијата во ЕУ, вели Ковачевски, за нас дома значи уште погoлeми плати, нови работни места и поголем избор, повеќе современи градинки, училишта и болници, многу поголема државна поддршка за домашните претпријатија, уште повеќе странски инвестиции. Граѓаните денес сакаат да живеат во ваква, современа држава, којашто е дел од Европската Унија.

Денешниот 8 Септември, денот на независноста на Република Северна Македонија го дочекуваме во напредна држава, членка на НАТО и држава со реални перспективи за членство во Европската Унија до 2030 година- вели во честитката од премиерот Ковачевски.