Блинкен: САД и натаму ќе стојат зад Северна Македонија
Блинкен вели-Северна Македонија направи големи чекори за да обезбеди просперитет на сите нејзини граѓани додека се соочува со глобалните предизвици, а ние стоиме со вас во вашите напори да го промовирате владеењето на правото.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија. Во честитката, Блинкен ја истакнува поддршката на САД за натамошно развивање на партнерските односи, за просперитет и интеграција на земјава во ЕУ и за промоција на владеењето на правото.
Блинкен вели-Северна Македонија направи големи чекори за да обезбеди просперитет на сите нејзини граѓани додека се соочува со глобалните предизвици, а ние стоиме со вас во вашите напори да го промовирате владеењето на правото.
Со нетрпение очекуваме да го зајакнеме нашето партнерство со Северна Македонија и да ги унапредиме нашите заеднички демократски вредности во годините што доаѓаат-се вели во честитката.
