Училишни градини за нови сознанија и социјализација на учениците
По 10 години од воведувањето училишни градини во македонските училишта реализацијата е мала, иако бенефитите се огромни. Новите сознанија и социјализацијата за учениците се пренесуваат за сите училишни предмети…

Четири прилепски училишта се дел од проектот „Училишни градини“ кои ќе ги подобрат знаењата, но и ќе ги поврзат сите предмети и сознанија во наставниот процес во основното образование. Концептот во земјава е од пред десет години, некои училишта веќе имаат позитивни искуства. Придобивките, особено за здравата храна, се големи.
Поборник на училишните градини е „Слоу фуд Македонија“. Уверуваат дека бенефитите се пренесуваат на сите училишни предмети. Процесот кај нас се одвива тешко, зашто не е сфатена суштината.
Реализацијата тешко се одвива зашто нема интерес кај општествено одговорните компании да помогнат. Наставниците-ентузијасти не се откажуваат.
Училишните градини овозможуваат вмрежување за многу проекти со училишта во земјава и од странство.
Елизабета Митреска
