Наполитано: Италија ќе биде гласот на Македонија во Европа

23.05.2014 20:10

Република Италија ќе биде гласот на Македонија во Европа.

Ова е ветувањето кое италијанскиот претседател Џорџо Наполитано  го дал на македонскиот претседател – Ѓорге Иванов на нивната средба, денес, овде во Рим.

„Не поддржуваат во сите наши заложби, Италија е навистина пријател на Македонија. Со претседателот Наполитано разговаравме за претседавањето со унијата, проширувањето останува високо на агендата. Од Италија очекуваме да не поддржи во нашите напори да бидеме ченка во јадранско-јонската иницијатива, каде Италија е еден од значајните партнери“, вели Ѓорге Иванов, претседател на РМ

Во вториот мандат, претседателот Иванов, првата средба надворо д Македонија, не случајно ја направи со италијанскиот претседател.  Двајцата претседатели разговарале за хашката пресуда во меѓународниот суд, Наполитано изјавил дека таа мора да се почитува и дека Европа настојува во почитувањето на меѓународното право.

„Ние со Грција презедовме меѓусебни обврски со нашата врмеена спогодба, Грција не ја почитува и затоа случајот отиде во Хаг, меѓутоа однесувањето по пресудата во Хаг, не ни дава никаква гаранција дека било каква спогодба со нашиот јужен сосед, ќе биде испочитувана од истиот“,  додаде претседателот Иванов

Во Рим, истотака, министерката Елизабета Канческа Милевска оствари средба со својот италијански колега, договорено е зголемување на и онака богатата културна размена меѓу двете држави.

„Изминатиов период започнавме со интензивна културна понуда  и програма, со цел да го презентираме нашето културно богаство и наследство“, вели Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура на РМ

Посетата на државно-црковната делгација завршува утре со моледбен во црквата Св. Климент  каде што се заокружува чествувањето на нашите просветители „Св. Кирил и Методиј“.

 

Од Рим за МРТ, Миле А. Ристески, специјален дописник