Култура

Во Струмица почнува Фестивалот „Ристо Шишков“ посветен на актерската игра

08.09.2023 12:16

Во Струмица почнува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ на кој 20-тина актери од земјава, но и од Бугарија и Словенија, ќе конкурираат за единствената награда за најдобро актерско остварување. На Фестивалот ќе бидат прикажани десет претстави, а жирито ќе одлучи кој ќе ја понесе наградата „Ристо Шишков“…

Околу 20 актери од земјава, но и од Бугарија и Словенија, ќе бидат во игра за наградата за највисоки актерски остварувања што традиционално се доделува на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица. Вкупно 10 претстави ќе бидат прикажани на годинашново издание.

За организаторите најголем проблем се парите. Годинава за организацијата имаат скратен буџет од Министерството за култура. Директорот Патриков смета дека овој фестивал треба да биде берза на актерите, но и сите кои стојат зад нивната игра.

За единствената награда во вредност од 1.500 евра и златен медалјон со ликот на Ристо Шишков ќе одлучува жири предводено од ланскиот победник Дарија Ризова од МНТ и професорите Иван Додовски и Мима Таневска.

Ване Трајков