Македонија

Татко и син загинаа во пожар во Прилеп

08.09.2023 12:23

Голема трагедија се случи синоќа во Прилеп. Во пожар во семејната куќа изгореа татко и син. Причините за трагедијата не се познати. Истрагата и обдукцијата ќе утврдуваат како настанал пожарот и смртта на двајцата прилепчани…

Татко на 80-тина години и неговиот 60-годишен син загинаа во пожарот што синоќа околу 21:45 часот ја зафатил нивната семејна куќа. Пожарникарите ги пронашле телата во куќата.

Едното тело, опожарено било пронајдено во дневната просторија, а другото, делумно во претсобјето. Лекарите само можеле да ја констатираат смртта.

Сосетка потврди дека во куќата живееле татко и двајца синови.

Полицијата и јавен обвинител направија увид. Се истражуваат причините за пожарот, а по обдукцијата ќе се знаат и причините за смртта на таткото и синот.

Елизабета Митреска