Македонија
Две години од пожарот во модуларната болница во Тетово
08.09.2023 13:33
Денес се навршуваат две години од пожарот во модуларната болница во Тетово кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина лица беа повредени. Во Тетово најавен е протест…

Денес се навршуваат две години од пожарот во модуларната болница во Тетово кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина лица беа повредени. Починатите се претежно пациенти, кои беа на болничко лекување поради Ковид -19, а двајца се членови на семејствата на болните.
Две години подоцна заврши првостепенот судски процес, а Обвинителството сè уште работи на предистражна постапка околу тендерот за набавка на модуларните болници. Во неправосилната пресуда има две условни казни, една парична и две ослободителни пресуди.
Зоран Димовски известува од Тетово
