Македонија

Будно се следи случајот со Клиниката за онкологија, уверува Ковачевски

08.09.2023 14:35

Премиерот Ковачевски рече дека будно ќе се следи случајот на Клиниката за онкологија, со цел да излезе на виделина што навистина се случувало и кој работел незаконски. Истакна дека протоколите се сменети, секој пациент ја добива терапијата согласно неговата дијагноза…

Моето внимание 100% е насочено кон разрешување на случајот на Клиниката за онкологија, истакна премиерот Ковачевски. Надлежните органи ја имаат сета поддршка да го разрешат случајот законот.

Ковачевски истакна откако е поставена новата директорка на клиниката многу работи се ставени во ред. Министерот досега не добил никаква поплака од пациенти за лекување на онкологија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат – гајле ѝ на Владата за пациентите, гледаат да се спасат од одговорност, а одговорни се сите до еден.

КАТО системот ги чува цитостатиците, ги дозира онколошките терапии за секој пациент посебно, без шанса да се манипулира со дозите и терапиите, секој цитостатик го искористува до максимум и подготвен останува во фрижидерот стабилен за употреба дури до 28 дена, велат лекарите. Дозирањето е прецизно и безбедно, без загуби, без токсични труења на медицинскиот персонал.

Пред една недела Јавното обвинителство и МВР почнаа истрага на Клиниката за онкологија со цел да проверат дали се крадела и препродавала терапија и како биле лекувани пациентите. Двајца обвинители работат на овој случај кој е во предистражна постапка.

Наташа Јанчиќ Менковски