Европско финале на СП во кошарка, Србија против Германија

08.09.2023 17:57

Германската репрезентација излезе самоуверено и храбро против првиот фаворит. Од самиот почеток на натпреварот, успешно им парираа на избраниците на Стив Кер.

Германија ја совлада попладнево кошаркарската репрезентација на САД и првпат во историјата ќе игра во финале на Светското првенство во кое противник в недела ќе биде Србија, која во полуфиналето беше поуспешна од Канада.

Германската репрезентација излезе самоуверено и храбро против првиот фаворит. Од самиот почеток на натпреварот, успешно им парираа на избраниците на Стив Кер.

Обст беше најефикасен во победничкиот тим со 24 поени и шест асистенции, Франц Вагнер го следеше со 22 поени и пет скока, Тајс постигна 21 поен и седум скока, а капитенот Шредер имаше 17 поени и девет асистенции.

Кај Американците Едвардс имаше ефект од 23 поени и 8 скока, Ривс 21, Бриџис 17 поени.