Одбојка
Блесок на македонските одбојкари
24.05.2014 01:12
Македонија ја совлада Летонија со 3:0 на стартот од квалификациониот трурнир во Љубљана за Европското првенство во 2015 година.

Клучот на успехот на македонските одбојкари беше драматичниот прв сет што го добија со 31:29. Во двата следни сета владееше постојана резултатска доминантност со конечни 25:19 и 25:17. Ова е прва победа на Македонија во втората квалификациска фаза за ЕУРО 2015. Печат на првото коло од турнирот во Љубљана е сензационалната победа на Словенија над Полска со 3:2, откако Полјаците ги добија првите два сета. Утре во 16 часот ќе играат Словенија и Македонија , а во вториот натпревар се среќаваат Полска и Летонија.
