Македонија

Прилеп: Огревно дрво има, се намалува побарувачката, останува дрвокрадството

09.09.2023 10:26

Прилепчани навреме ќе добијат огревно дрво преку подружницата на Национални шуми. Интересот се намалува и граѓаните се преориентираат на други реагенси за загревање на домот. Дрвокрадството сепак останува најголем проблем …

Се намалува побарувачката на огревното дрво како реагенс за загревање, констатираат од прилепската подружница на Национални шуми. На околу 600 прилепски домаќинства ќе им испорачаат 3.500 метри кубни дрво, а уште 6.000 на правните субјекти. Ќе нема застој во испораката.

Граѓаните потврдуваат дека има преориентирање на други начини за топлина во домот назима.

Огревно дрво има, ама дрвокрадството останува најголем проблем.

Илегално дрво има и повеќе отколку што се испорачува.

 

Елизабета Митреска