Временска прогноза

Наутро свежо, преку денот сончево со умерена локална облачност

09.09.2023 08:51

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец...

Наутро времето ќе биде свежо, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. УВ индексот ќе изнесува 7. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе се движи од 26 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.