Њу Делхи

Самит на Г20

09.09.2023 09:46

Индискиот премиер Моди рече дека Индија сака да му даде поголем глас на глобалниот југ како домаќин на Самитот годинава...

Африканската унија доби статус на постојан член во групата 20 светски економии. Индискиот премиер Моди рече дека Индија сака да му даде поголем глас на глобалниот југ како домаќин на Самитот годинава. На дневен ред на Самитот се војната во Украина, постепено укинување на фосилните горива и реструктурирање на долгот. Се очекува на Самитот да доминираат западот и неговите сојузници.

Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да присуствува на Самитот, а кинеската делегација ќе ја предводи премиерот Ли Кечијанг, додека Русија наместо претседателот Путин ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.