Стотици загинати во катастрофален земјотрес во Мароко
Најмногу штета и смртни случаи има во тешко достапните планински области...

Стотици лица загинати и повредени во земјотрес од 6,8 степени во Мароко. Најмногу штета и смртни случаи има во тешко достапните планински области.
„Посетував луѓе во истата зграда на третиот кат, наеднаш видовме работи како паѓаат одозгора, садови и други работи прицврстени на ѕидот. Избегавме надвор од домот. Исто како и сите други луѓе. Навистина земјотресот беше многу силен“.
„Се во куќата се тресеше, не знаевме што се случи, мајка ми ми рече дека е земјотрес. Излеговме од куќата многу брзо“.
Потресот бил на длабочина од 18 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш. 20 минути подоцна имало и втор последователен потрес со јачина од 4,9 степени по рихтер.
