Македонска државна и црковна делегација на молебен на гробот на свети Кирил

24.05.2014 09:56

Поклонението на гробот на свети Кирил во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација...

Молебен на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим  ќе се одржи денеска, како централен настан во рамки на 46. манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“.
 
На гробот на Свети Кирил ќе се поклони државна и црковна делегација, а со службата ќе чиноначалствува митрополитот европски г. Пимен, во придружба на отец Климент Мишањ од Пјаченца.
 
Поклонението на гробот на свети Кирил во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.
 
Традиционално, 24 Мај беше Ден само на образовните институции и просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник на Република Македонија.
 
Паралелно со 46-тото издание на манифестацијата во чест на свети Кирил,   Македонија одбележува и 20-годишен јубилеј од воспоставувањето дипломатски односи со Ватикан. Како дел од културната програма за манифестацијата и јубилејот  во Ватиканските музеи  беше отворена изложба „Словенски ракописи од 13 до 19  век“, а синоќа во театарот „Куирино“ беше изведена театарската претстава „14 часа“.