Образование

Намален бројот на ученици во основните и средните училишта во Тетово

09.09.2023 11:13

Се помалку ученици во основните и средните училишта во Тетово. Цели семејства заминуваат во западноевропските земји, училишните клупи остануваат празни. Голем проблем во образованието е и недостаток на учебници …

Над 250 училишни столчиња во основните и средните училишта во Тетово оваа учебна година останаа празни. Цели семејства заминуваат во западноевропските земји, секоја година се евидентираат се помалку училишни одделенија.

Трендот на иселување ќе продолжи, бројот на ученици ќе се намалува, велат од иницијатива за социјални промени. Причините за масовното иселување со бројни, но неказнивоста и селективната правда го заземаат првото место.

Но, намалувањето на бројката на ученици не е само еден од проблемите во тетовските училишта. И за тие ученици кои останаа нема учебници.

Во тетовските основни и средни училишта недостасуваат над 20.000 учебници. Се учи од скрипти, учениците се позајмуваат, а неретко цели материјали од книгите ги препишуваат во тетратки.

 

Зоран Димовски