Претрес во демиркаписко, пронајдена муниција и алат за изработка на муниција, приведени две лица
Имено, во при претрес во дом и помошни простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62×39, 50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал. 16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана.

Вчера како резултат на заеднички преземени мерки и активности на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и ОВР Неготино лишени се од слобода Ќ.С.(28) и И.С.(23) од с. Корешница, демиркаписко.
Имено, во при претрес во дом и помошни простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62×39, 50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал. 16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана.
Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.
