Македонија

Стејт департмент: Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија

09.09.2023 14:04

Во изјавата дадена за „Гласот на Америка“ на македонски велат дека ќе се отежнат напорите наСАД да помогне во борбата со корупцијата.

Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија, ова е ставот на Стејт департментот околу измените на Кривичниот законик со коишто се намалуваат казните за злоупотреба на функцијата. Во изјавата дадена за „Гласот на Америка“ на македонски велат дека ќе се отежнат напорите на САД да помогне во борбата со корупцијата.

Лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи, антикорупциски резултати преку зајакнување на институционалната независност и спречување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во Владата – апелираат од Вашингтон.