Путин гласаше онлајн на локалните избори
Руските власти оваа недела одржуваат локални избори и во регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, заедно со десетици руски региони кои избираат локални гувернери и законодавци...

Рускиот претседател Путин гласаше преку интернет на локалните избори во земјата. Руските власти оваа недела одржуваат локални избори и во регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, заедно со десетици руски региони кои избираат локални гувернери и законодавци. Се очекува гласачите да изберат регионални законодавни тела, кои пак ќе назначат регионални гувернери.
„Ги замолувам жителите од регионите каде што деновиве се одржуваат избори, да учествуваат на изборите. На тридневно гласање на избирачките места има можност да се гласа од далечина. Електронското гласање станува се попопуларно секоја година. Се надевам дека секој од вас ќе покаже одговорен граѓански ангажман“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
