МНР
МНР информира дека двајца македонски државјани побарале евакуација по земјотресот во Мароко
09.09.2023 16:16
Пријавените двајца македонски државјани се во добра состојба и ќе бидат евакуирани утревечер преку Мадрид...

Министерството за надворешни работи информира дека по земјотресот во Мароко, двајца македонски државјани побарале евакуација од погодената држава. Пријавените двајца македонски државјани се во добра состојба и ќе бидат евакуирани утревечер преку Мадрид. Од МНР изразија сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес со епицентар во провинцијата Ал Хауз.
Дипломатско-конзуларното претставништво во Каиро, е во постојана комуникација со надлежните институции во Мароко за информации за македонски државјани во погодените подрачја.
