Робертс: Македонија да размисли за НАТО и ЕУ
24.05.2014 10:18
„На Македонија дури не и е ни дозволено да биде тоа што е. Според мене, Грција, најслабата и најексплоатирана земја во ЕУ, се противи на името на Македонија. Но, освен доколку Грција сака да се нарекува Македонија, зошто инаку би се противела“, прашува Робертс...

Македонија да размисли дали сака да се приклучи кон Западот, кој е во опаѓање, или Истокот кој напредува, како што направи Русија, вели д-р Пол Крег Робертс, поранешен помошник секретар за финансии во Владата на Роналд Реган за програмата „Гласот на народот“, пренесува МИА.
„Македонија е во тешка позиција. Да се приклучи кон ЕУ и НАТО значи дека Македонија мора да се откаже од својот суверенитет и контрола врз нејзината надворешна и економска политика и да стане дел од империјата на Вашингтон. Oдбивањето на приклучувањето со цел да се продолжат добрите односи со БРИКС значи да се биде ставен на листата на непријатели на Вашингтон“, истакнува Робертс, кој е професор по Политичка економија во Центарот за стратегија и меѓународни студии на Универзитетот Џорџ Таун, Вашингтон.
Коментирајќи ја посетата на генералниот секретар на НАТО Расмунсен на Македонија и неговата изјава во Скопје, американскиот професор и аналитичар со став дека “барањето од ЕУ и НАТО дека Македонија мора да го промени своето име со цел да се приклучи кон, како што вели, „империјата на Вашингтон“ ја покажува целосната контрола што Западот ќе ја практикува врз Македонија.
„На Македонија дури не и е ни дозволено да биде тоа што е. Според мене, Грција, најслабата и најексплоатирана земја во ЕУ, се противи на името на Македонија. Но, освен доколку Грција сака да се нарекува Македонија, зошто инаку би се противела“, прашува тој.
На прашањето што мисли за Македонија и нејзината историја, Робертс, кој е и поранешен уредник на Вол Стрит Журнал, посочува дека „Македонија е познато име - домот на Александар Македонски, најголемиот војсководец на сите времиња, освојувач на Персија и оти вакво големо име не треба да биде жртвувано од страна на Македонија.
